Top Sport

Филип Талески и „лавовите“ од Манхајм испратија новогодишна честитка (видео)

Пред утрешниот дерби натпревар против „зебрите“ од Кил, македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески заедно со клупските колеги од Рајн Некар Левен ги поздравија своите навивачи за новогодишните и божиќните празници.

Тимовите од ракометната Бундес лига последни ќе ја завршат есенската полусезона, а репрезентативците последни ќе им се приклучат на националните селекции, на подготовките за Мундијалот во Германија и Данска кој ќе се одвива во втората половина на идниот месец.

Погледнете како изгледаат расположените ракометари во новогодишно издание:

Scroll to Top