Британскиот боксер Тајсон Фјури (30) кој во Лас Вегас се подготвува за двобојот против Германецот Том Швартц тврди дека неговиот сонародник Ентони Џошуа по поразот од Енди Руиз Јуниор го заврши боксерското владеење.
„Кога човек не сака да биде во рингот, тогаш така секогаш ќе се однесува, а од тоа тешко ќе се опорави. Таа вечер тоа го стори и не верувам дека може да се врати. Кога влезе во рингот, видов дека не сака да е таму. Џошуа може да тренира повеќе од било кој, веројатно е во состојба да ја истроши траката за трчање и да го расипе било кој мерач на отчукувањето на срцето, може да ја „истепа“ било која боксерска вреќа, но сето тоа е неважно. Боксот не е нуклеарна физика. Ако знаеш да се бориш, знаеш, ако не, изгубен си“ – вели Фјури за „ББС“.
Британецот во 2015 година на сличен начин како Руиз го шокираше боксерскиот свет кога во борбата со Владимир Кличко дојде до титулата светски првак иако изгледаше тромаво во однос на Украинецот.
„Моето чувство е дека двајцата најдобро подготвени борци во последните 20 години се Џошуа и Кличко, а двајцата загубија од двајца дебели боксери“ смета Фјури.
Тој во кариерата има 27 победи и еден неодлучен меч, оној против Деонтиј Валјдлер.