Top Sport

Манчини за Кин и Заниоло: Мора прво да научат да се однесуваат!

Селекторот на Италија, Роберто Манчини одлучи за следните средби на „азурите“ против Ерменија и Финска оваа седмица да не ги повика во составот младите италијански фудбалски ѕвезди, Мојс Кин и Николо Заниоло. Тие поради лошо, непримерно однесување не се во составот на Италија.

Двете млади фудбалски ѕвезди на Италија често доцнеле на тренинзите на репрезентацијата, а двајцата фудбалери проблеми му правеле уште на селекторот на младата италијанска репрезентација, Луиџи ди Бјаџо.

„Им овозоживме одлична можност и се надеваме дека ова ќе им помогне да напредуваат. Мораат да научат да се однесуваат. Професионалците секогаш мора добро да се однесуваат, дури кога тоа ќе го научат, ќе добијат нов повик.
Екипата е дефинирана, сега ги имаме најдобрите играчи во селекцијата, а ако некој нов заблеска, ќе ни биде драго да го повикаме“ рече Манчини.

„Азурите“ неделава во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020 ќе играат со Ерменија и Финска, а на овие мечеви поради повреда ќе отсуствува напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Scroll to Top