Top Sport

Франција со победа го заврши разочарувачкото ЕП, Словенија со стил во втора фаза

„Триколорите“ со победа над селекцијата на БиХ од 31-23 се простија од ЕП кое сигурно ќе сакаат што побргу да го заборават. Ова беше прва победа за Франција во групната фаза, по поразите од Норвешка и изненадувањето Португалија.

Токму овие две селекции вечерва во меѓусебен дуел ќе одредат која селекција ќе пренесе бодови во следната фаза.


Селекцијата на Словенија предводена од новиот селектор, Љубомир Врањеш со максимални 3 победи ја заврши групната фаза. Денеска Словнеција за заверка на првата позиција ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 29-25.

Scroll to Top