Top Sport

Французинот Рафаел Варан вреди 500 милиони евра

Францускиот фудбалски репрезентативец, член на Реал Мадрид, Рафаел Варан е на мета на Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Од Кралскиот клуб информираат дека средината може да ја напушти само доколку заинтересираниот клуб плати обесштетување од 500 милиони евра колку што чини неговиот договор.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека ниедна понуда Реал не ја разгледува сериозно затоа што се уверени дека на фудбалскиот пазар не би можеле да најдат соодветна замена.

Французинот по актуелниот договор кој му трае до 2022 година заработува 6 милиони евра по сезона, а на „Бернабеу“ се подготвени да му понудат 50 отсто повисока плата.

Scroll to Top