Тинејџерот од Франција, 19-годипниот Жан Клер Тодибо е новото засилување за централната бековска позиција на Барселона, а на „Ноу Камп“ ќе дојде откако ќе заврши сезоната.
Дефанзивецот сега е член на француски Тулуз, а во Барса доаѓа како конкуренција на Умтити и Пике. Фудбалерот доаѓа во Барселона како слободен играч, затоа што неговиот договор со сегашниот клуб истекува налето.
„Една од најсилните страни е неговата импресивна физичка подготвеност, како и добрата игра во воздух. Тој пристигнува во Барселона како еден од играчите кој најмногу ветува, во цела Европа“ – стои во соопштението на Каталонците.
Жан Клер Тодибо е младински репрезентативец на Франција.