Top Sport

Леонард Жута поддршка за Јаховиќ во Коњаспор: Среќен сум што сум во Турција!

На страницата на фудбалскиот клуб Коњаспор во Турција се појави фотографија на која е македонскиот фудбалски репрезентативец Леонард Жута (26) со дресот на клубот.

Дефанзивецот на Ријека ја напушта Хрватска и се сели во Турција, во тимот каде противничките мрежи ги тресе екс-репрезентативецот, Адис Јаховиќ. Жута потпиша договор до 2021 година

„За два, три дена по почетокот на преговорите се договоривме за се. Среќен сум што сум во Турција! Се надевам дека брзо ќе се прилагодам, а сигурно ќе биде полесно во иднина затоа што во клубот е и Јаховиќ кого го познавам од претходно. Дојдов во квалитетна лига, се работи за лига со модерни стадиони каде има врвни навивачи. И тоа е една од причините поради кои одлучив да дојдам во Турција“ – порача Жута од Анталија каде со неговата нова екипа е на подготовки.

Scroll to Top