Легендарниот холандски фудбалер, Франк де Бур (50) кој моментно е тренер во Атланта Јунајтед, клуб кој се натпреварува во МЛС лигата пред неколку дена бил тестиран на коронавирус, заедно со целиот стручен штаб.
Изјавата на Холанѓанецот по тестирањето им го привлече вниманието на медиумите во САД. Додека сите се исплашени од вирусот кој сее смрт низ Европа и низ светот, поранешниот фудбалер на Барселона и Ајакс рече дека му е жал што не е позитивен на Ковид 19.
„Жал ми е што не сум позитивен, така би стекнал имунитет. Не би морал да се грижам за здравјето. Ако постои можност сезоната да се доигра, тоа би било сјајно, секогаш е најдобро шампионот да се одреди на теренот“ – изјави Де Бур, пренесува „ЕСПН“.
Пред да ја почне МЛС авантурата, холандскиот стручњак работеше како тренер во Кристал Палас, Интер и Ајакс.