На 36 години му истече договорот со Баерн Минхен, по 12 успешни сезони со Баварците. Имаше шпекулации дека се сели во САД, се шпекулираше дека би можело и да ја заврши кариерата, но Французинот Франк Рибери според сознанијата на порталот „Гол“, сепак во новата сезона ќе настапува во Премиерлигата.
Рибери, според информациите, е мета на новиот премиерлигаш Шефилд Јунајтед. Челниците на клубот во ангажманот на фудбалерот гледаат идеално решение за опстанок во лигата, а плус поволност им е што не треба да плаќаат обесштетување за францускиот ас.
Сепак, германски „Кикер“ пишува дека Рибери би сакал кариерата да ја продолжи во поголем клуб и дека понудата на Шефилд не го интересира.
Рибери никогаш не настапувал во Премиерлигата.