Фудбалерите на Фулам загубија нови бодови синоќа на гостувањето кај Вест Хем, пораз од 3-1 во 27 коло од Премиер лигата.
Пулените на Клаудио Раниери изненадувачки по 3 минути поведоа со 0-1 кај „чеканите“, стрелец на голот беше Рајан Бабел.
Но Вест Хем до крајот на првото полувреме ги презеде работите во свои раце и со головите на Чичарито и Диоп го сврте резултатот во своја полза.
Во второто полувреме Антонио во 91 минута го постави конечниот резултат 3-1.
Фулам статистички е најлошиот тим во првенството, до овој меч примил 61 гол на 27 меча, а во наредното коло го пречекуваат Саутемптон, директниот конкурент за опстанок.