Напаѓачот на Манчестер Сити, Бразилецот Габриел Жесус пред неколку дена ја покажа својата нова девојка – манекенката Фернанда Киреирош.
Иако повеќето од коментарите беа од типот „блазе си му“, сепак фудбалерот има проблеми поради тврдиот став на неговата мајка Вера.
Играчот на „граѓаните“ не смее ниту да ја бакне девојка му пред да ја праша мајка си, па дури и таа да одобри, смета дека одредени лимити не смеат да се преминат.
„Девојките мора да живеат по моите правила. Не страсни бакнежи во јавност, а девојката може да остане на гости само во специјални прилики. Никогаш нема да прифатам мојот син да не почитува нечија ќерка и да и направи дете. Знам како е тоа, и самата поминав низ истото“ изјавила мајката на фудбалерот за бразилските медиуми.
Фудбалерот рано останал без татко кој ги напуштил, па затоа неговата врска со мајка му е толку цврста.
Еве како изгледа неговата нова девојка:
https://www.instagram.com/p/B2KMOBwlFoq/?utm_source=ig_web_button_share_sheet