Адријано Галијани, претседателот на фудбалскиот клуб Монца ги презентираше своите видувања за актуелниот тим на Милан. Галијани им дава предност на миланските клубови во однос на римските за пласман во ЛШ идната сезона.
„Гатузо е за мене огромно изненадување. Неговиот карактер ме исплаши, не мислев дека ќе биде тренер, но тој е сјаен. Играчите му веруваат, а со тоа доаѓаат и резултатите. Треба пофалба за новите сопственици, како и за Леонардо и Малдини. Милан конечно се врати и пак му припаѓа на својот град“ – изјави Галијани за италијанско радио.
Тој го кажа својот став и за новите засилувања на „Росонерите“, Лукаш Пакета и Кшиштоф Пјонтек.
„Пакета многу ми се допаѓа. Пакета и Пјонтек ја прават разликата. Ниеден тим во Европа не се засили подобро од Милан. Миланезите се конечно пред римјаните и се надевам дека Интер и Милан ќе се квалификуваат во Лигата на шампиони“ – вели Галијани.