Челниците на фудбалскиот клуб Милан веројано ќе му врачат отказ на тренерот Џенаро Гатузо доколку со тимот не успеа да избори пласман во Лига Европа, пипува „Газета дело спорт“.
Милан, на две кола до крајот на сезоната во Серија А, се наоѓа на шесттото место со 60 бода, еден повеќе од Аталанта и три од Фиорентина, а доколку во финишот на првенството се спуштат на осмото место, тогаш Гатузо веројатно ќе добие отказ.
Инаку, поранешниот играч на овок клуб, неодамна потпиша двегодишен договор со Милан. Гатузо за главен тренер беше назначен во ноември минатата година, откако Винченцо Монтела доби отказ.
Релативно добрите резултати му овозможија на Гатузо да потпише договор со клубот.
Доколку, Рино добие отказ, истиот извор наведува дека челниците на Милан ќе се обидат да го донесат тренерот на Наполи, Маурицио Сари. Врската со Сари би требало да биде актуелниот спортски директор на Наполи, Кристијано Ѓунтоли, кој од наредната сезона ќе ја обавува истата функција во Милан.