Top Sport

Гатузо уште не е официјален во Наполи, но играчите ги прати во карантин?

По отказот на Карло Анчелоти од клупата на Наполи, италијанските медиуми пишуваат и дека негов наследник со сигурност ќе биде екс-играчот и стратег на Милан, Џенаро Гатузо. Сепак, за сето тоа се уште нема потврда.

Информациите од „Чизмата“ се дека Гатузо веќе ги потпишал документите, добил договор до крајот на сезоната, а доколку се избори за место во Лигата на шампионите за идната сезона, договорот ќе биде продолжен. Наводите се дека откако Гатузо ќе го одработи првиот тренинг со екипата, фудбалерите ќе одат во карантин.

Дебито на новиот тренер на Наполи се очекува да е против Парма.

Шпекулациите поврзани со клубот од Неапол се дека освен Анчелоти, клубот ќе се ослободи и од двајца првотимци – Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс.

Инсиње е љубимец на навивачите, но тој заедно со Белгиецот наводно биле предводници на групата која не сакала да оди во карантин и ка кршела дисциплината во клубот. Најверојатно ќе бидат продадени уште во јануари.

„Газета дело Спорт“ пренесува како би изгледал почетниот состав на Наполи за идните мечеви, а во него има место за нашиот фудбалски интернационалец, Елиф Елмас:

Scroll to Top