Сопственикот на италијанскиот прволигаш Бреша, Масимо Челино се закани дека неговиот клуб ќе “го пушти“ секој меч на неговиот клуб, доколку првенството продолжи.
„Оваа сезона веќе нема смисла“ – рече тој за „Газета дело Спорт“.
„Ако не присилат да играме, подготвен сум на своите играчи да им забранам настап и подготвен сум секој меч да го загубиме со 3:0 поради почит кон граѓаните на Бреша и нивните сакани кои веќе ги нема“ додаде Челино.
Во Италија од 9 март е вонредна состојба, а во меѓувреме нема никакви најави кога и дали воопшто фудбалските првенства би продолжиле.
„Натпреварувањето застана, ниту една екипа нема да се врати како претходно. Мечевите ќе бидат зад затворени врати. Освен тоа, постои ризик за здравјето на спортистите. За мене враќањето на работа е чиста лудост“ – смета првиот човек на Бреша.
Тој ги отфрли критиките дека со своите настапи сака тимот да го спаси од испаѓање од Серија А.
„Екипата се наоѓа таму каде што заслужува да биде, сами сме виновни за тоа“ – смета тој.