Звонимир Бобан ја оконча мисијата на потрага по нов плејмејкер за тимот на Милан. „Газета дело Спорт“ пишува дека плајмејкерот го пронашол во Германија, поточно во Борусија Менхенгладбах.
Неговото име е Флоријан Нојс, има 22 години, германските медиуми велат дека тој е наследникот на Лотар Матеус, додека „Газета“ го нарече „германскиот Кака“.
Неговиот застапник Кристијан Нерлингер, екс-фудбалер на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд веќе ги започнал преговорите за трансфер во Милан. Можеби не ова, но сигурно следното лето.
„Росонерите“ сакаат да ги дефинираат условите и да дадат капар за Нојс за да не заврши во редовите на Баерн. Посебно затоа што младиот фудбалер е Баварец.
Тој одлично ја одигра минатата сезона, имаше 33 настапи во Бундеслигата, даде 3 гола , а имаше 10 асистенции.
Вниманието на спортската јавност во Германија го привлече една сезона претходно додека настапуваше за второлигашот Фортуна.
Клубот од Диселдорф со 6 гола и низа одлични мечеви го врати во Бундеслигата.
Нојс на почетокот на летово за германската У-21 репрезентација ги одигра сите мечеви на СП во Италија, а со неговата селекција загуби во финалето од Шпанија.
Германските новинари наведуваат дека се има врвна техника, одлично ја „чита“ играта, а има и тактичка зрелост.