Top Sport

Потрес на мозок на играчот на Базел му го спасил животот

Холандскиот фудбалер Рики ван Волфсвинкел (30) настапувајќи за екипите на Витесе, Утрехт, Спортинг Лисабон, Норич, Сент Етјен, Бетис и сега швајцарски Базел има постигнато повеќе од 150 гола.

Тешкиот потрес на мозок што го претрпел минатата недела на првиот меч во третото претквалификациско коло за ЛШ играјќи за Базел против ЛАСК веројатно му го спасил животот.

epa07761167 Basel’s Ricky van Wolfswinkel (front) reacts after the UEFA Champions League third qualifying round, first leg soccer match between FC Basel and LASK in Basel, Switzerland, 07 August 2019. EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Холанѓанецот кој има и два настапи за татковината, на споменатиот меч против австрискиот клуб во судир со противнички играч добил потрес на мозокот.

По ренгенската снимка на главата било утврдено дека има абнормално проширување на крвните жили во мозокот. Како последица на тоа, би можело да дојде до пукање на жилите, крварење во мозокот, што се разбира може да доведе до смрт или во најмала рака оштетување на мозокот.

Ван Волфсвинкел поради рутински преглед на повреда која е честа кај фудбалерите ја открил опасната болест која е тих убиец.

„Многу сум среќен и благодарен поради тоа што ја открив фаталната болест која ако не се открие навреме, може да доведе до смрт. Ударот кој го добив во текот на игарат и поради кој бев хоспитализиран нема никаква врска со аневрезмата. Таа била тука од порано и немав никакви симптоми“ – вели фудбалерот.

Напаѓачот на Базел сега го чека операција, а оваа сезона за него најверојатно е завршена. Но тоа не е ништо во споредба со она што би можело да се случи доколку не го добил тој потрес на мозокот.

Scroll to Top