Високото крило на НБА тимот, Милвоки Бакс, Гркот Јанис Адетокумбо (24) е прогласен за најдобар европски кошаркар за минатата 2018 година во изборот што традиционално го прави „Газета дело Спорт“.
Адетокумбо првпат во кариерата ја освојува наградата „Евроскар“, која се доделува од 1979 година. Зад Гркот според бројот на гласовите останаа Словенецот Лука Дончиќ и Србинот Никола Јокиќ.
По шестпати со оваа награда се закитија прославените кошаркарски имиња на Стариот континент, Литванецот Арвидас Сабонис и Германецот Дирк Новицки.
Наградата досега ја освојувале и останати докажани кошаркарски асови како Дражен Петровиќ, Никос Галис, Тони Кукоч, Тони Паркер, Пау Гасол, Андреј Кириленко и други.