По пауза од 8 години, селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини ќе го враќа во селекцијата на „Азурите“ 36-годишниот напаѓач, Фабио Кваљарела, пренесува угледниот „Gazeta delo Sport”.
Голгетерот на Сампдорија, кој има феноменална сезона во Серија А каде е на врвот на листата на стрелци со 16 гола, досега за Италија има 25 натпревари со постигнати 7 гола.
Кваљарела моментно е подобар на листата на стрелци од Роналдо во Серија А, а на последните 11 натпревари во низа постигнува барем по еден гол, со што е на чекор до нов рекорд.
Селекторот Манчини ќе сака да го засили напаѓачкиот ред во репрезентацијата која во март годинава ја чекаат квалификациите за ЕП 2020 година.