Top Sport

Герет Бејл ја почна голф кариерата: Ми се оствари сонот

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, играше на својот прв голф турнир, откако се повлече од фудбалот на 33-годишна возраст.

Учествуваше на „AT&T Pebble Beach Pro-Am“ турнирот во Калифорнија, во Соединетите Американски Држави.

Пред да го изведе првиот удар, Бејл доби прашање зошто го напушти фудбалот и што ќе прави со својот живот, бидејќи има само 33 години.

„Нема да правам ништо, ха-ха. Го гледав овој турнир секоја година. За мене е остварување на сонот да дојдам овде. Но, исто така сум и малку нервозен”, изјави Бејл.

Некогаш Бејл беше најскапиот фудбалер во светот. Тој е првиот во историјата чиј трансфер надмина 100 милиони евра, кога од Тотенхем се пресели во Реал Мадрид.

Scroll to Top