Top Sport

Ѓоковиќ триумфално во Мадрид, Циципас има уште за учење (видео)

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ кој моментно е прв на АТП тениската ранг листа е победник на Мастерс турнирот – Мадрид Опен. Тој предмалку со 2-0 во сетови (6-3 6-4) за 93 минути игра го совлада 9-тиот светски тенисер, Гркот Стефанос Циципас. Со оваа победа Ѓоковиќ се израмни со Рафаел Надал по бројот на освоени мастерс титули од Серијата 1.000 – двајцата имаат по 33.

Во првиот сет Ѓоковиќ прв сервираше, а успеа да направи брејк на сервисот на противникот во вториот гем. Потоа со сигурен сервис и стабилна игра, со многу тешки поени успеа да го добие првиот сет со 6-3.

Во вториот сет се играше израмнето, без брејк можности до 4-4. Тогаш Србинот „додаде гас“, направи брејк, па со следниот сервис извојува нова победа за нова титула.

Финалето во Мадрид кое понуди атрактивен тенис го следеа во живо многу влијателни личности од општествениот живот.
Ова е втора титула сезонава за Ѓоковиќ по онаа на Австралија Опен.

Scroll to Top