По освојувањето на седмата титула на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ решил батериите за сезоната што му претстои да ги полни на планина.
Точната локација каде се одмора тенискиот ас ја открила неговата сопруга, Јелена која на Инстаграм објави фотографија од скијачкиот центар, Вал Гардена, Италија.
Под фотката Јелена Ѓоковиќ напишала: „Семејна снежна идила, доста активности на свеж воздух и сите заедно. Јеее“.
Погледнете: