Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми избори пласман во третото коло на Мастерс турнирот во Рим. Ѓоковиќ попладнево во два сета со 6-1 и 6-3 го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Првиот носител на турнирот на теренот мина нешто повеќе од 1 час, а противникот успеа да освои само 4 гејма.
Ѓоковиќ во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот кој е во тек меѓу Колшрајбер и Чекинато.
Сепак не беше така мирно на сите терени на турнирот во Рим. Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос предизвика инцидент во мечот со норвешкиот колега Каспер Руд. При резултат 1-1 во сетови, во третиот гејм од третиот сет.
Австралиецот нервозен заради брејкот на противникот започна да негодува наводно дека се движеле гледачите додека тој сервирал. Следуваше казна од судијата, по што комплетно ги загуби нервите, па најпрво го фрли рекетот, а потоа и стол фрли во теренот. Потоа го напушти теренот и автоматски победата му припадна на противникот.
?(?@TennisTV ) #ibi19 pic.twitter.com/ku2wRVc7Lq
— doublefault28 (@doublefault28) May 16, 2019