Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ попладнево немаше никаков проблем да извојува победа против Швајцарецот Хенри Лаксонен во второто коло на гренд-слемот Ролан Гарос во Париз.
Србинот за 95 минути игра со убедливи 3-0 или по сетови 6-1 6-4 и 6-3 му одржа лекција на моментно 104-тиот светски тенисер.
Ѓоковиќ на почетокот на дуелот испраќаше прецизни удари од основната линија, па за 23 минути веќе водеше со 1-0 во сетови (6-3).
Во вториот сет Швајцарецот игра поборбено и агресивно, но сепак не успеа да го изненади фаворитот и го загуби сетот со 6-4.
Третиот сет српскиот тениски ас го отвори со брејк, па рутинирано мечот го приведе до крајот.
Djokovic (?@Eurosport_RU ) pic.twitter.com/7X46NSxPZH
— doublefault28 (@doublefault28) May 30, 2019
Нареден ривал на Ѓоковиќ, в сабота, ќе му биде Италијанецот Салваторе Карузо (147. на АТП) кој денеска изненадувачки славеше победа против миленикот на париската публика, Французинот Жил Симон со 3-0 (6-1 6-2 6-4).
Од останатите дуели на машкиот дел од турнирот кои досега се завршени, Герменецот Александер Зверев без проблеми со 3-0 славеше победа над Швеѓанецот Имер, а со победа од 3-1 пласман во следното коло обезбеди и Доминик Тим кој го совлада Казахстанецот Бублик.
Освен Ѓоковиќ, пласман во следната рунда обезбеди уште еден српски тенисер. Душан Лајовиќ со 3-0 (6-3 6-3 6-4) славеше победа против домашниот тенисер Бенхетрит.