Top Sport

Ѓоковиќ: Не е проблем коленото, туку стара повреда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заработи повреда на денешниот тренинг меч против Данил Медведев. Тој веднаш се упати кон соблекувалната, а медиумите јавија дека се работи за повреда на коленото.

Сепак, Ѓоковиќ објасни дека се работи за старата повреда на бутниот мускул.

„Сѐ е во ред со коленото. Почувствував болка во задната ложа, тоа е старата повреда на мускулот што ја имав на турнирот во Аделаида. Не сакав да ризикувам и му се извинив на Медведев што не можевме да продолжиме со тренингот“, изјави Ѓоковиќ.

Србинот е одреден за четврти носител на Австралија опен, турнирот на кој минатата година не учествуваше поради добро познатите проблеми со (не)вакцинирањето од Ковид-19.

Scroll to Top