Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на тенискиот Мастерс турнир во Монте Карло откако предмалку со 2-1 во сетови (6-3, 4-6 и 6-4) беше подобар од 40-от на АТП листата, Германецот, Филип Колшрајбер.
Првиот сет лесно го доби Србинот триумфирајќи со 6-3. Вистинска драма се одвиваше во вториот сет, за одбележување се дури 7 брејкови во низа. Сепак германскиот тенисер беше поприсебен и го освои вториот сет со 6-4.
Во третиот сет Новак веднаш направи брејк, потоа поведе о 2-0 и до крајот на мечот рутинирано му парираше на својот противник.
Во наредното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот меѓу Фриц и Шварцман.
Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 5.5 милиони евра.