Top Sport

Глен Ходл: Ни збор за пенал, ако тоа е пенал, ќе имаме по 100 на меч!

Поранешниот играч на Тотенхем, поранешниот англиски селектор, Глен Ходл кој моментно работи како коментатор на британски „БТ спорт“ уверен е дека Спарси се оштетени уште на почетокот на синоќешното финале во Мадрид.

Поделени се мислењата дали Словенецот Дамир Скомина требаше да покаже на белата точка уште во првата минута од финалето, по „играњето“ со рака на Муса Сисоко, но за Ходл нема дилема, пенал немаше.

„Нема збор од пенал. Сисоко трчаше напред додека со раката покажуваше гледајќо нешто на теренот. Да сакаше да го запре нафрлувањето, двете раце би ги испружил. Топката го погоди во градите и потоа се стркала по десната рака. Ако е ова пенал, ќе имаме по 100 на еден меч“ – рече Ходл.

Scroll to Top