Top Sport

Вардар–Веспрем денеска во 18 часот на видео-бим на плоштад „Македонија“ во Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека денеска на плоштадот Македонија, ќе се постави голем видео бим, на кој граѓаните ќе можат заеднички да навиваат за ракометниот клуб Вардар во финалето против Веспрем во Лигата на шампионите.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула“ – напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

Тој ги повика сите навивачи на скопскиот ракометен клуб – „Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар“.

Вардар по вчерашната сензационална победа против Барселона (29-27) во полуфиналето денеска борбата за трофејот ќе ја води со стариот познаник, Веспрем, екипата која вчера во полуфиналето го совлада Киелце со 33-30.

Во редовите на Веспрем на тренерската позиција е Давид Дејвис, долгогодишниот помошник тренер во Вардар (му беше помошник на Раул Гонзалес).

Меѓу стативите е еден од најдобрите голмани на сите времиња, Арпад Штербик кој во 2017 година најсјајниот пехар го подигна во дресот на Вардар.

Во редовите на Веспрем настапува и македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков за кого ова е прво учество на Ф4 турнир во Келн.

Scroll to Top