Човекот на кој од вчера му се потсмева фудбалскиот свет е Брис Мобле, голманот на францускиот второлигаш Гренобл. Тој со неверојатниот автогол на мечот со Кан ги дочека своите 5 минути слава на социјалните мрежи.
Се играше 18 минута, Кан веќе водеше со 1-0. Една лесна топка заврши во рацете на Мобле. Тогаш 30-годишниот чувар на мрежата во обид да проигра некој од своите соиграчи, за миг ја промени идејата, па топката залепена за ракавицата се упати кон неговата мрежа. Успеа да ја стигне, но предоцна.
Топката ја мина гол линијата за водство на Кан од 2-0.
Погледнете: