Најдобриот играч на кошаркарската репрезентација на Русија, Алексеј Швед ќе го пропушти учеството на Светското првенство во Кина поради повреда на зглобот, потврди денеска неговиот матичен клуб, Химки.
Ова претставува огромен проблем за Русија затоа што играта на селекција во многу зависи од перформансот на Швед.
„Не можев ниту да замислам дека нема да играм на Светското првенство. Многу сум тажен. Работев индивидуално во текот на летото, ме мачеше зглобот, но почнуваше да станува издржливо, па очекував дека ќе и се приклучам на екипата. Сепак, докторите по прегледите констатираа дека не можам да играм. Му се јавив на селекторот и му ја кажав лошата вест. Знам дека мојата земја сметаше на мене“ – изјави разочараниот Швед.