Верувале или не, голот со ножички што го постигна Кристијано Роналдо против Јувентус, во Торино, не е најубав во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Најзаслужни за ваквиот епилог се фудбалските фанови од Египет, кои масовно гласале за голот на Мохамед Салах, постигнат во реваншот против Манчестер сити., иако објективно голот на Португалецот е и поубав и многу поатрактивен.
The fans have voted…
And Salah’s expert finish at Man. City has won #UCL Goal of the Week ⚽️?
? https://t.co/CL0b9kkjIV pic.twitter.com/P5ZJWKfUbv
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 16, 2018
На третото место е голот на Алекс Окслејд-Чембрлен постигнат на првиот дуел помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, на четвртото место е еден од двата гола на Марио Манџукиќ на натпреварот Реал-Јувентус, а петтата позиција е за Луис Суарез од Барселона.