Пред година ипол фудбалерот Леон Горецка стигна во Баерн Минхен како слободен играч, од редовите на Шалке 04.
Минатата сезона додека Нико Ковач беше на чело на баварскиот клуб беше стандарден во првата постава, но оваа сезона најчесто е во втор план.
На двата последни меча од Лигата на шампиони во игра беше само 4 минути, а цел меч во Бундеслигата одигра последно во јануари, при победата од 4-0 против Херта.
Последниот месец ниту еднаш не беше во првиот состав.
„Во сјајна форма сум, веројатно во најдобра форма во целата моја кариера. И секако дека не сум среќен кога не играм во првите 11. Секогаш ќе го кажам тоа искрено и отворено. Сепак, за екипата одлучува тренерот и таа одлука морам да ја прифатам“ – вели 25-годишниот германски репрезентативец.
Договорот на Горетца со Баерн му е до 2022 година. Сезонава одигра околу 1.000 минути и постигна 5 гола надополнето со 6 асистенции.