Се закомпликува ситуацијата во групата 2 од Европското ракометно првенство откако, спротивно на очекувањата, дел од групата не се селекции на Данска и Германија кои не ја поминаа прелиминарната група.
Сепак, за возбудување се погрижија селекциите на Словенија, Унгарија и Португалија кои покрај фаворитот Норвешка се борат за пласман во полуфинале.
Сите репрезентации сакаат да ја одбегнат Норвешка која се наметна како прв фаворит за златото. Играњето на теренот во Шведска за наив е идентично како да се на домашен терен, па по две загубени финалиња, голем е мотивот да стигнат до самиот крај – до трофејот.
„Апсолутно сум уверен дека Норвешка ќе го освои златото, никој не може да ја победи оваа Норвешка“ – рече ракометарот на Фленсубуг и на селекцијата на Шведска, Џим Готфридсон.
Со него се согласуваат многу ракометни стручњаци, но на титула се надеваат и Шпанија, односно Хрватска, па и Словенија која играше одлично на првенството, се до поразот од Унгарија која има свои математики.