Top Sport

Го даваат Ловрен гратис за да го земат Кулибали на „Енфилд“

Новиот англиски шампион – Ливерпул одлучи да ја зголеми понудата за стоперот на калчолигашот Наполи, Калуду Кулибали.
„Црвените“ покрај 60-те милиони евра го нудат гратис и хрватскиот фудбалски интернационалец, Дејан Ловрен, пренесуваат италијанските медиуми.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира да го доведе Сенегалецот во своите редови, а сака да го испрати Ловрен на спротивната страна пред се затоа што Хрватот не му е прва опција во тимот, а згора на тоа и договорот му истекува идната сезона.

Сепак, останува отворено прашањето дали ваквата идеја ќе му се допадне на првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Тој инсистира на чисти 100 милиони евра за дефанзивецот.

Медиумите на „Чизмата“ веќе шпекулираат дека Наполитанците имаат на маса понуда од 80 милиони евра, од Манчестер Сити.

Scroll to Top