Top Sport

Грешката на Рамос го разбуди Реал, па настрада Сосиедад (видео)

Екипата на Реал Мадрид славеше триумф со пресврт во последниот денешен меч од 14. коло против екипата на Реал Сосиедад со 3-1.

Мнуго рано, уште во втората минута капитенот на Кралевите, Серхио Рамос направи голема грешка, па наместо да ја врати топката до својот голман, таа заврши во нозете на противничкиот напаѓач, Вилијан Хозе, кој го искористи подарокот за водство на својата екипа од 1-0.

Сепак, се чини дека таа грешка влијаеше стимулативно на играчите на Реал, па тие заиграа ангажирано уште од 2 минута.

До полувремето иницијативата ја преточија во реми, погоди Бензема за 1-1.

Пресвртот за победа и 3 важни бода се случи во второто полувреме.

Најпрво Валверде во 47 минута погоди за 2-1, а конечниот резутат го постави хрватскиот ас Лука Модриќ во 74 минута.

Сега Барселона и Реал Мадрид со по 28 бода се на чело на табелата во Ла лига, со меч помалку од третопласираниот Атлетико кој има 25.

Scroll to Top