Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не се согласува дека Мохамед Салах е играч на сезоната во Премиер лигата. Салах, во недлеата, од страна на Унијата на професионални фудбалери ја доби наградата. Негов единствен конкурент беше Кевин Де Брујне од Манчестер сити.
„Сакав Де Брујне да го освои ова признание. Тој ова лето ќе седи во својот дом како шампион на Англија и доколку ги анализираме изминатите девет месеци, кога станува збор за контитнуитетот, не постои подобар фудбалер од Де Бруујне“, рекол Гвардиола.
„Можеби бројките кај некои фудбалери се подобри, но кога ќе се погледне целата сезона никој не е подобар од Де Брујне, исклучок не е ниту Салах. За мене тој е најдобар и тоа е мојот став, но очигледно е дека мислењето на другите се разликува“, завршил Гвардиола.