Манчестер Сити има голема можност оваа сезона да направи нешто уникатно, да освои 4 трофеи во сезоната.
„Граѓаните“ од Манестер се лидери во Премиерлигата, го освоија Лига купот, во завшницата се на ФА купот, а во престижната Лига на шампиони се во четвртфиналето.
Денеска од 13.30 часот Сити му гостува на Фулам на „Кревен котиџ“, а Гвардиола вели дека играчите ќе направат се за оваа сезона влезе во историјата.
„Привилегија е на почетокот на април да се биде активен во сите натпреварувања и да се бориш за титулата во Англија. Тоа е единствено искуство. Психички сме подготвени и со нетрпение чекаме да тргнеме во овој низ натпрвеари до крајот. Мислам дека нема ништо лошо во тоа што во ЛШ сме на мегдан со Тотенхем. Се е можно за 90 минути, а нас не интересира само една опција, победа“ – вели Гвардиола.
За трката за трофејот во Премиерлигата со Ливерпул, Пеп смета дека ќе биде тешка и неизвесна.
„Можеби нема да бидеме први поради тоа што противникот има неверојатен тим и не можеме да ги следиме. Се е сеуште во наши раце. Ако победиме се, први сме. Искрено, со толку голем број натпревари и противници до крај можно е да испуштиме бодови“ – смета шпанскиот стручњак.