Фудбалерите на сплитски Хајдук го победија Славен Белупо со 2-0 во натпревар од Хрватското фудбалско првенство, но мечот ќе остане запаметен по вториот погодок на домаќините.
Се играше 74 минута при резултат 1-0 за Хајдук. Голманот на домашните Посавец направи грешка, лошо ја упати топката во игра, по што играчот на гостите, Главчиќ го лобуваше.
Сите на стадионот на видоа топката во голот на Хајдук, а гостинските играчи започнаа да го слават погодокот.
Сепак топката не ја минала гол линијата, па домашните ја продолжија акцијата и постигнаа втор гол во гостинската мрежа преку Јурановиќ.
Погледнете ја целата ситуација: