Top Sport

Хамилтон имаше засилување во боксот – славниот Мистер Бин (фото)

Славниот британски актер, Роуан Еткинсон попознат по улогата на Мистер Бин денеска беше гостин на тимот на Мерцедес на трката за Големата награда на Унгарија.

Актерот кој во светот е познат по комедијата се најде во центарот на вниманието во боксот на Мерцедес на „Хунгароринг“.


Еткинсон во боксот на Мерцедес беше цели три дена, и во текот на тренинзите, но и на денешната трка. Имаше прилика да се дружи со возачите на мерцедес, шампионот Луис Хамилтон и неговиот клупски колега, Валтери Ботас, но и со многу други сегашни или поранешни актери на „најбрзиот циркус во светот“.

На крајот, се разбира, Мистер Бин се радуваше на победата на Хамилтон.

Scroll to Top