Top Sport

Хамилтон препорачува: Јадете како што кажува Ѓоковиќ!

Светскиот првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон се огледува на првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ кога се работи за исхраната.

„Погледнете го Новак Ѓоковиќ и неговиот пат и исхраната. Тоа е нешто што малку луѓе се подготвени да го направат и да го анализираат, а би требало баш тоа да го направат“ – вели Хамилтон.

Британецот е дел од документарниот филм кој носи наслов „Игра на промените“, а кој говори за револуцијата во исхраната и професионалниот спорт. Хамилтон пред неколку години од својата исхрана го исфрли месото и сите други производи од животинско потекло.

„Кога чув дека ме бара Џејмс Камерон за да зборуваме за проектот, се јавив во истата секунда. Ги обожувам неговите филмови. Притоа, тука е и Арнолд Шварценегер кого го запознав на трка во Австралија, тој е голем поклоник на ова и е дел од проектот“ рече Хамилтон.

Филмот во кината премиерно ќе се прикаже во септември.

Во филмот освен Шварценегер ќе се појави и актерот Џеки Чен.

Scroll to Top