Баерн Минхен денеска беше поразен на „Алијанц Арена“ од Хофенхајм со 2-1, по победата над Тотенхем, во Лондон неделава во ЛШ со 7-2.
Тренерот на Баварците Нико Ковач вели дека едноставно неговата екипа не е способна на секои 3-4 дена да игра на врвно ниво.
Дополнителен проблем од денеска за Ковач претставува и шпанскиот дефанзивец, Хави Мартинез кој се расплака на клупата на баварскиот клуб.
Германските фотографи го „уловија“ моментот, па пишувањата се дека Чави плаче поради игнорантскиот однос кон него од страна на стратегот.
„Мартинез е едноставно незадоволен од својата ситуација во Баерн. Недостатокот на простор за игра без можност да им помогне на соиграчите го убива“ – пишуваат германските медиуми.
Шпанецот стадионот го напушти велејќи дека се во ред, а играчите и челниците на Баерн тврдеа дека не ги виделе фотографите од расплаканиот фудбалер.
Не сум ги видел фотографиите. Се разбира дека е иритантно за Хави тоа што не игра, но сезоната е долга. Сите ќе добијат своја шанса“ – изјави спортскиот директор, Хасан Салигамиџиќ.
Хави Мартинез (31) оваа сезона има само 5 настапи за Баерн со 131 одиграна минута.
Javi Martínez. #FCBTSG pic.twitter.com/7LI9GGep9m
— Bayern & Die Mannschaft (@eMiaSanMia) October 5, 2019
Hasan Salihamidžić: "I have not seen the pictures. Of course it is annoying for Javi that he has not played. but the season is still long, everyone will get their chances to play, including Javi." [Spox] pic.twitter.com/5h0vwFU40Q
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 5, 2019