Премиерлигашкиот шампион, екипата на Манчестер Сити предмалку одигра ефикасни 2-2 против тимот на Тотенхем на стартот на новата сезона во Премиерлигата.
Избраниците на Пеп Гвардиола двапати водеа на мечот со финалистите од последната сезона на Лигата на шампионите, но популарните „Спарси“ двапати изедначуваа. „Граѓаните“ имаа дури 29 упатени удари кон противничкиот гол, за разлика од нив, Тотенхем само трипати шутна кон голот на Сити.
Серијата голови на „Итихад“ ја отвори Стерлинг во 20 минута, на асистенција на белгискиот фудбалер, Де Брујне.
Изедначувањето стигна по само 3 минути. Ламела погоди за Тотенхем за 1-1.
Сити уште во првото полувреме ја врати предноста. Кун Агуеро погоди за 2-1 во 35 минута, повторно на асистенција на Де Брујне.
Во вториот дел изедначувањето на тимот на Покетино беше дело на Лукас, во 56 минута.
Кога сите очекуваа поделба на бодовите, Бразилецот Хесус во 92 минута погоди за 3-2.Ерупција од радост кај домашните навивачи.
Сепак радоста на „граѓаните“ кратко траеше. Беше напомош повикана ВАР технологијата, која покажа игра со рака, па голот на бразилскиот напаѓач беше поништен.