Top Sport

Хрватска и Русија „претплатени“ на продолженија (а можеби и пенали)

Хрватска и Русија одиграа 1:1 во регуларните 90 минути за втор натпревар во низа двете репрезентации да играат продолженија, со потенцијални пенали како единствен начин да се оди понатаму.

Хрватска на пенали во осминафиналето ја елиминираше Данска, додека Русите беа подобри од Шпанија, и по релативно интересниот натпревар двете репрезентации ќе се надеваат дека среќата и умешноста повторно ќе ги послужи.

Англичаните со нетрпеливост го чекаат својот противник – талентираната Хрватска или упорниот домаќин Русија.

По првичниот притисок на Русите и шансата на Ѕјуба, Хрватска одговори со две шанси за Ребиќ (шеста минута) и Манџукиќ (деветта минута).

Сепак, за првиот удар во рамките на голот се чекаше до 31. минута, кога Денис Черишев постигнува прекрасен гол од 18-тина метри. Можеби најдобриот потег досега на Мундијалот од страна на фудбалерот на Вилјареал.

Русите продолжија со притисокот, преку Черишев и Ѕјуба, но Хрватска успеа да врати во 40. минута, откако Манџукиќ совршено го пронајде Андреј Крамариќ во шестнаесетникот и тој со глава израмнува на 1:1.

Хрватска подобро го почна второто полувреме. Крамариќ во 50. минута имаше шанса да го постигне вториот гол, но премногу критикуваше во шестнаесетникот. Во 52. минута Крамариќ имаше атрактивен обид со „ножички“, но топката заврши во рацете на Акинфеев.

Во 60. минута, Перишиќ беше во совршена шанса, но неговиот удар заврши во дирекот, па покрај гол-линијата надвор од опасност. Најсериозна шанса во второто полувреме.

Русите помалку како да се помирија дека ќе се играат продолженија и пенали, без многу обиди за напад.

Хрватите пред продолжението имаа причина за загриженост, откако голманот Даниел Субашиќ, кој беше херој против Данска и одбрани три пенали, го повреди бутниот мускул и постоеше можност да не го продолжи мечот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top