Top Sport

Хрватска рутинирано ја совлада Јапонија 35-27, Хорват МВП на мечот

Хрватската ракометна репрезентација немаше поголеми проблеми со селекцијата на Јапонија и по рецептот на Македонија, славеше со 35-27 на дуелот со „Самураите“.

Хрватите во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот, на полувреме заминаа со 5 голови предност, а во вториот дел со рутинирана игра не им дозволија на Јапонците да направат изненадување.

Најефикасен во двата табора беше крилото на „Коцкастите“ Златко Хорват на кого му припадна наградата МВП на натпреварот со постигнати 8 гола.

Во победничката репрезентација 5 гола постигна Степанчиќ, а по 4 пати во листата на стрелците се запишаа Штрлек, Мандиќ и вардарецот Игор Караџиќ.

Кај поразената репрезентација најефикасен со 6 гола беше Токуда.

И Хрватска исто како и Македонија во утрешното балканско меѓусебно дерби од 18 часот влегуваат со учинок 2 од 2 по првите две кола на СП во Германија и Данска, во групата Б во Минхен,

Вечерва во 19 часот во нашата група ќе се одигра уште мечот меѓу Исланд и Шпанија.

Scroll to Top