Top Sport

Хрватска со стил оди на ЕП, „панцирите“ со 4-0 ја средија Белорусија (видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска славеше триумф од 3-1 против селекцијата на Словачка и си го обезбеди пласманот на Европското првенство идната година.

Освен Хрватска вечерва билет за ЕП 2020 обезбедија и Германија, Холандија и Австрија која ја совлада Македонија во Виена со 2-1.

Хрватските фудбалери по првото полувреме имаа негатива со Словаците, но во вториот дел Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ ги постигнаа головите за победа од 3:1 и лидерска позиција во групата.

Холандија одигра нерешено 0-0 без против Северна Ирска нагости, но на „лалињата“ тоа им беше сосема доволно за да обезбедат пласман на ЕП 2020.

Во истата група, вечерва и Германија го визираше пласманот на ЕП. Панцирите славеа рутинирано со 4-0 над Белорусија. Два гола на мечот постигна Крос, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Гинтер и Горецка.

Од групата во која е Македонија, Полска како гостин славеше против Израел со 2-1. Стрелци на головите за победничката екипа беа Криковјак и Пјонтек, додека единствениот гол за домашната селекција беше дело на Дабур на 2 минути пред крајот.

Scroll to Top