Top Sport

Тим го прескокна Зверев и закажа финале со Циципас во Лондон

Германецот Александер Зверев нема да има можност да го брани трофејот освоен минатата година на Завршниот тениски турнир во Лондон откако вечерва во полуфиналето беше поразен со 2-0 од австрискиот тенисер, Доминик Тим (по сетови 7-5 и 6-3).

На Тим, кој стана првиот играч кој на завршниот Мастерс ги победил и Федерер и Ѓоковиќ, му беа потребни 95 минути да ја заврши задачата и да закаже пресметка со Стефанос Циципас кој денеска го елиминираше Федерер со 2-0 во сетови.

Првиот сет беше неизвесен, Зверев прв направи брејк, имаше и втора можност, но не ги искористи.

Тим ја искористи својата втора брејк топка во 12 гем за водство од 1:0.

Во вториот сет, Австриецот ја искористи третата брејк топка во шестиот гем при што тогаш поведе со 4:2. Водството знаеше како да го сочува за конечни 6-3 и влез во финалето.

Scroll to Top