Хрватската ракометна репрезентација се пласираше на Олимписките игри во Париз.
Тие славеа и во вториот натпревар од квалификацискиот турнир. Во второто коло беа подобри од репрезентацијата на Германија која ја совладаа со резултат 33:30.
На овој натпревар Хрватите ги предводеше Иван Мартиновиќ кој постигна осум гола, Марио Шоштариќ беше прецизен шест пати, а Домагој Дувњак пет пати ја погоди мрежата на Германија.
Кај Германците кои беа на четвртото место на последното ЕУРО, Ренерс Усинс беше најефикасен со осум гола.
Хрватска на тој начин доби виза за Париз, па мечот од последното коло против Алжир нема да има големо значење, додека дуелот меѓу Германија и Австрија ќе го одреди вториот патник во ОИ од оваа група.
Во првото коло беа подобри од репрезентацијата на Австрија која ги совлада на ЕП.
Ова е голем успех за новиот селектор на Хрватска, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој е на клупата откако речиси стана селектор на хрватската репрезентација.