Несекојдневна сцена се случила на фудбалски натпревар меѓу пионерите на Галатасарај и Истанбулспор во Турција која веднаш се прошири во светските медиуми.
Капитенот на Галатасарај, 14-годишниот Бекназ Алмазбеков одигра фер-плеј потег за паметење.
По еден дуел со противнички играч Алмазбеков падна во казнетиот простор на противникот, по што судијката покажа на белата точка. Иако сите очекуваа дека младиот фудбалер ќе го искористи „подарокот“, сепак тој намерно го промаши голот.
Видеото експресно се прошири по социјалните мрежи.
Fair play: Galatasaray youngster intentionally misses penalty pic.twitter.com/CxsWX9WWZy
— Guardian sport (@guardian_sport) March 26, 2019