Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ (38) во родниот Малме ќе добие статуа висока 3 метри и тешка околу 500 килограми. Статуата ќе биде поставена на 8 идниот месец на плоштадот меѓу новиот и стариот фудбалски стадион во градот.
„Статуата засекогаш ќе биде голем доказ за почитта кон најголемиот шведски и воедно еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот“ – велат од градската управа во Малме.
Фудбалерот кој моментно ги брани боите на ЛА Галакси во МЛС лигата во САД не го криеше воодушевувањето поради идејата на градот да му оддаде признание.
„Среќен сум со одлуката статуата да се постави во Малме, на тоа се надевав од првиот момент. Малме е местото каде се започна и каде го оставив моето срце“ – рече Ибрахимовиќ.
Статуата jа работи Петер Линд, а интересно е тоа што ова не е прва статуа посветена на шведски фудбалер. Претходно во градот Хелсингборг својата статуа доби екс-шведскиот фудбалер, Хенрик Ларсон.