Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ (37) според најавите од Италија, од јануари повторно ќе биде член на италијански Милан. Голгетерот во кариерата 2 години играше во Милан, притоа во 2011 година со „росонерите“ стана и шампион на Италија.
Информациите се дека напаѓачот се договорил со раководството на Милан за плата од 2 милиони евра за следните 6 месеци. Во договорот има и опција за уште една сезона во тимот.
Ибрахимовиќ моментно е играч на Лос Анџелес Галакси во МЛС – Лигата. Тој во својата прва сезона во САД постигна 22 гола и имаше 10 асистенции.
Додека беше дел од Милан, во периодот од 2010 до 2012 година, тој на 85 натпревари постигна 56 голови.
Погледнете дел од погодоците на Ибракадабра во Милан:
https://youtube.com/watch?v=hH7nxgAbQt0